gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Четири компании донираа 85 респираторни машини за македонското здравство

Четири општествено одговорни компании од градежниот сектор, денес обезбедија 85 респираторни машини за потребите на македонскиот здравствен систем. На овој начин се зголемува бројот на респираторни машини потребни за третман на пациенти во критична состојба.

Градежните компании Мега Куманово, Golden Art , Акустик ДОО и Греемак обезбедија 85 неинвазивни респираторни машини со цел да се зајакнат здравствените капацитети во нашата држава и полесно да се пребродат  предизвиците при пандемијата предизвикана од  Ковид 19.

На примопредавањето на донацијата присуствуваа техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче кои изразија голема благодарност до компаниите кои во услови на здравствено-економска криза го поддржуваат македонскиот здравствен систем, со цел справување со Ковид 19, но пред се – несебично придонесуваат за  здравствениот систем да е подготвен за нови предизвици.

Ивица Јаќимовски, претседател на Градежната комора при Сојуз на стопански комори на Македонија и генерален директор на Golden Art, во име на сите 4 компании донатори истакна дека корпоративната општествената одговорност е морална обврска на компаниите кои придонесуваат за најнеопходните општествени потреби во услови на пандемија.

„Доколку нешто научивме од кризата со Ковид-19 – тоа е дека подготовката е се. Доколку сме подготвени денес, ќе може да се справиме со се што доаѓа утре. Со таа цел, и имајќи ја предвид неопходната потреба за зајакнување на капацитетите на здравствениот систем, компаниите Голден Арт, Мега, Акустик и Греемак ја обезбедија оваа донација од 85 респираторни машини. Да се донесат овие респираторни машини, беше навистина комплицирано, но благодарение на одличните релации на компаниите Мега и Греемак и нивните партнери на азискиот пазар успеавме да ја реализираме оваа донација. Напорите кои како компании ги вложивме изминатиов период, се надеваме дека ќе придонесат да се направи голем исчекор во подобрувањето на македонското здравство “, изјави Јаќимовски.

Сојузот на стопански комори на Македонија, од почетокот на здравствената пандемија покрена низа активности во насока на справување со последиците од пандемијата. Во текот на овој месец обезбеди тунел за дезинфекција и дополнителни средства за заштита во Институт по белодробни заболувања кај децата „Козле“, организираше акции и кампањи за набавка на заштитна опрема за медицински персонал и ранливи категории, а туристичко угостителската комора и нејзините членови обезбедуваа храна и оброци за лицата кои припаѓаат на ранливи категории, како и припадниците на органите на државната управа и медицинскиот персонал кои се изложени на најголем ризик, а дел од хотелите ги отстапија своите капацитети за организирање на државен карантин. Во периодот кој следи планирани се и дополнителни донаторски активности.

Прочитано 190 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не