gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Упатство за изготвување и поднесување на апликација за Кредитната линија на Развојна банка за МСП - Ковид 2

Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, а поврзани со актуелната состојба за справување со ширењето на Ковид-19, Сојузот на стопански комори на Македонија, Вe известуваме дека Развојната банка објавен Упатство за изготвување и поднесување на апликација за Јавниот повик за директно кредитирање на микро, мали и средни претпријатија регистрирани во Република Северна Македонија од Компензационите фондови од странска помош (Ковид 2) .

Во продолжение даваме краток преглед на упатството:

  • Апликацијата за кредит со комплетната документација се доставува исклучиво по електронски пат, на е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  • Апликацијата за кредит е задолжителен документ и доставената друга документација нема да биде разгледана додека не се достави Апликација за кредит.
  • Апликацијата за кредит има задолжителни полиња кои мора да бидат пополнети, доколку не се пополнети Апликацијата за кредит се смета како нецелосна и истата се обработува по целосно пополнување од страна на барателот на кредитот.
  • Апликацијата за кредит и пропратните документи чии обрасци се пропишани од банката, треба да бидат пополнувани електронски и истите може да бидат потпишани и со дигитален сертификат.
  • Во насловот (Subject) на е-маилот со кој се доставува Апликацијата за кредит и задолжителната документација, да биде наведено краткото име на компанијата како што е наведено во тековната состојба со латинично писмо во формат – IME NA KOMPANIJA DOOEL/DOO/TP Grad.
  • Доколку апликацијата се доставува во две или повеќе пораки, насловот (Subject) на пораките треба да е ист како во првата порака: IME NA KOMPANIJA DOOEL/DOO/TP Grad, без други додатоци во насловот (Subject) на пораката.
  • Прилозите не треба да надминуваат големина од 10MB и треба да бидат доставени во прилог како .zip или .rar формат. Не се препорачува достава на прилози на платформи како GoogleDrive или WeTransfer.
  • Кредитобарателот може да достави само една Апликација за кредит.

Задолжителна документација која заинтересираниот субјект е должен да ја достави на јавниот повик е следната:

- Апликација за кредит ;

- Апликација за регистрација на клиент-правно лице;

- Изјава за поврзаност со други правни/физички лица;

- Изјава за постоење својство носител на јавна функција;

- Изјава за проверка на кредитна изложеност;

- Изјава за број на вработени со состојба 31.01.2020 година;

- Уверение за платени даноци и придонеси заклучно со 31.01.2020 година (Барањето за издавање на Уверение   за платени даноци и придонеси се поднесува исклучиво електронски преку системот е-даноци,   линк: https://etax-fl.ujp.gov.mk/, а УЈП известува за точно време на подигнување);

- ЗП образец (образец за заверен потпис),

Апликациите за кредит по јавниот повик се доставуваат во рок од 15 дена сметано од 29.04.2020 година (среда) од 00:01 часот.

Целосната информација за потребните документи како и начинот на аплицирање може да се погледнат на овој линк.

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.

Прочитано 692 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не