gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Информација за продолжување на рокови за важење на решенија за евиденција и пуштање во промет на производи за подобрување на квалитетот на почвата и на растенијата

Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на агро-бизнис секторот , Сојузот на стопански комори на Македонија Вe известуваме дека Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр. 100/20 објави Уредба со законска сила за примена на Закон за квалитет и безбедност на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на време на вонредна состојба  и Уредба со законска сила за примена на Законот за производи за заштита на растенија за време на вонредна состојба

Во продолжение даваме краток преглед на истите:

Уредба со законска сила за примена на Закон за квалитет и безбедност на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на време на вонредна состојба

  • Решенијата за евидентирање во Листата на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата, издадени врз основа на дозвола издадена од земја членка на Европската унија, чиј рок на важење на дозволата е истечен или истекува за време на траење на вонредната состојба, продолжуваат да важат за време на траење на вонредната состојба како и 90 дена од престанокот на траење на вонредната состојба.

Уредба со законска сила за примена на Законот за производи за заштита на растенија за време на вонредна состојба

  • Решенијата за одобрување за пуштање во промет на производите за заштита на растенијата, издадени врз основа на дозвола издадена од земја членка на Европската Унија, чиј рок на важење на дозволата е истечен или истекува за време на траење на вонредната состојба, продолжуваат да важат за време на траење на вонредната состојба, како и 90 дена од престанокот на траење на вонредната состојба.

Целосна содржина на двете уредби со законска сила може да ја погледнете на овој линк.

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.

Прочитано 258 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не