gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Најнова информација за дозвола за работа во време на полициски час

Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, Сојузот на стопански комори на Македонија Ви доставуваме известување за работа во време на полициски час со прилог Образец – Дозвола за движење на вработен за време на полициски час, согласно најновите измени во одлуките на Владата за воведување на полициски час на територија на цела држава во работни денови (понеделник-петок) во период од 16:00-05:00 часот, како и за време на викенд (петок 16:00 часот – понеделник 05:00 часот).

Важно е дозволите за движење  да бидат со нов датум, кој е по 6 април, кога се донесени новите мерки за полициски час.

Овие издадени дозволи од страна на работодавачот не треба да бидат заверени и потврдени од страна на Министерството за внатрешни работи, или надлежното ОВР.

  • Производствените погони, фабрики и транспорт ќе продолжат да функционираат и во време на полицискиот час којшто од 8 април почнува од 16:00 часот и ќе трае до 5:00 часот следното утро секој работен ден, како и за време на викенд (од петок од 16:00 часот до понеделник до 5:00 часот).
  • Дозволата за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа може да биде издадена за повеќе работни денови,
  • Дозволите за движење издадени од работодавач може да се користат и за градежниците бидејки работното место им е на објект и може да се третира како производство, а примената на дозволите е на ист начин како во другите сектори за кое што претходно известивме.
  • Согласно Законот за работни односи, работодавачот го организира работниот процес според потребите и условите, а во однос на прекувремената работа доколку има потреба истата може да се реализира така што при тоа треба да се почитува Законот за работни односи, чии одредби се важечки и во време на вонредна состојба, освен ако со уредба не е поинако уредено.
  • Кога станува збор за работа на терен и движење во 2-3 (повеќе) насоки, истото треба да се наведе како забелешка во дозволата и по можност да се наведе точната насока-рута по која се движи работникот.
  • За дејности кои не се од производство и транспорт, како најзастапени сектори за кои има потреба од издавање на дозволи за движење на вработени во рамки на полициски час, а сепак се појавува потреби од непланирани/интервентни ангажмани на лицата на терен (банки, ит поддршка, телекомуникациски компании и други услужни гранки) како и во изминатиот период што се практикуваше, работодавачот издава дозвола на работник, така што ќе предвиди смена и ќе пријави во ДИТ. Притоа во дозволата ке наведе забелешка така што ќе ја наведе рутата – доколку има рута или ке пише дека се издава за интервентни работи на терен. Се останато е исто како за дозвола од работодавач.

Сите компании од производството и други дејности, кои ќе ги користат дозволите за движење на вработените во време на полициски час  и кои продолжуваат со производство, односно дистрибуција на потребни стоки, треба строго да ги применуваат сите заштитни протоколи и фито-санитарни препораки од страна на државниот санитарен и здравствен инспекторат и државниот инспекторат за труд, во насока на заштита на работниците и превенција од можно ширење на коронавирусот Covid 19

На следните линкови можете да ги превземете:
Известување за работа во време на полициски час
Образец – Дозвола за движење на вработен за време на полициски час

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.

Прочитано 3036 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не