gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Информација за донесени уредби и одлука на Владата на РСМ

Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, Сојузот на стопански комори на Македонија Ве информира дека Владата на РСМ на 26 седницата одржана на 23.03.2020 година донесе меѓу другото донесе и неколку одлуки и уредби кои се донесуваат на работењето на реалниот сектор, а се поврзани со вонредната состојба прогласена заради Ковид-19

Во прилог пренесуваме кракот преглед на истите:

  • Уредба со законска сила за примената на Законот за стечај за време на вонредна состојба.

Според оваа уредба нема да се отвораат стечајни постапки и нема да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба. Се одложуваат додека трае вонредната сосотјба и сите започнати постапки, како претходна постапка за отворање на стечајна постапка и отворање на стечајната постапка над стечајниот должник.

  • Oдлука за укинување на увозната давачка - царинската стапка за одредени стоки - потрошен медицински материјал.

Се ослободуваат од царинските давачки сите медицински помагала и потрошниот медицински материјал кој се увезува во Република Северна Македонија.

  • Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало.

Во посебен режим на утврдување на цени покрај другите производи влегуваат и потрошен медицински материјал и медицинска опрема и апарати.

  • Уредба со законска сила за измена на Законот за облигационите односи.
  • Уредба со законска сила за измена на Закон за општа управна постапка.

Соопштението на Владата за донесените уредби и одлуки може во целост да се погледне на следниот линк.
 
За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440

Прочитано 322 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не