gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Се одложуваат полагањата на испит за вештаци, медијатори, нотари и правосуден испит, се забрануваат обуки за возачи

Владата на вчерашната седница донесе дополнителни мерки и органичувања со цел да се спречи понатамошно ширење на новиот вирус.

Се донесе уредба со која се одложува полагањето на испитот за вештаци, правосудниот испит, испитот за медијатори и испитот за нотари за време на траењето на вонредната состојба, а се забранува одржување на наставата и спроведувањето на обуките и испитите во испитните центри од страна на школите за обука за возачи, за период од 14 дена.

„За времено одлагање на овие испити, Владата ги донесе Уредбата со законска сила за примена на Законот за вештачење, Уредба со законска сила за примена на Законот за правосудниот испит, Уредбата со законска сила за примена на Законот за медијација, и Уредбата со законска сила за примена на Законот за нотаријатот“, се вели во соопштението.

Се усвои и Одлуката за забрана на продажба на масло за горење екстра лесно масло за домаќинство ЕЛ-1 со содржина на сулфур најмногу до 0,1% (m/m), на бензинските станици во периодот од 15 aприл до 15 oктомври 2020 година.

„Оваа одлука е донесена од причини што грејната сезона завршува на 15 април и тој вид на гориво исклучиво е наменето за затоплување на просториите на домаќинствата и на другите деловни простории, а неговата натамошна продажба после 15 април се забранува за да не се користи за погон на моторни возила и за другите видови на мотори“, се неведува во објаснувањето.

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство се задолжи да оствари работна средба со здруженијата на сточари и Федерацијата на фармери, во врска со извозот на јагниња, како и утврдување на мерки што треба да се преземат во овој период.“

Сите маркети, аптеки, банки и објекти кои даваат поштенски услуги, задолжително треба да обезбедат редарска служба при влез и во внатрешноста во овие објекти, со цел да се контролира влезот и бројот на лица во истите, така што ќе се обезбеди минимум потребното растојание од два метри помеѓу лицата пред и во објектите.

Се забранува пристап на лица и возила во Парк шума „Водно“, секој ден, во период од 18:00 часот до 6:00 часот наредниот ден, како и собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини.

Прочитано 152 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не