gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Агро секторот апелира за отворање акредитирана лабораторија за квалитет на семе за извоз

Препораки за успешна пролетна сеидба и зголемување на приносите со правилна обработка на почвата и квалитетен семенски материјал,  зголемување на извозот со пласман на финални производи со поголема додадена вредност и задржување на активното население со зголемување на домашното производство е фокусот на денешната прес конференција во Сојузот на стопански комори на Македонија.

Претседателот на Агро бизнис комората, Огнен Оровчанец, истакна дека есенските посеви се во добра кондиција, препорака е да се оди на прихрана со гранулирани и фолијарни ѓубрива богати со азот, кој е елемент неопходен за пораст и прираст на растенијата. Откако ќе биде извршена прихраната, потребно е третирање со инсектициди, хербициди и фунгициди кои во вакви години се неопходни агро мерки. Во нашата земја има 119 илјади хектари под есенски култури од кои со јачмен 44 илјади хектари, пченица 79 илјади хектари.

„Во пресрет на пролетната сеидба  се врши финална обработка на површините и неопходното ѓубрење. Кога температурата на земјата ќе биде 8 до 9 степени целзиусови, може да се почне со сеидба на сончогледот, а за пченка минималната температура треба да биде 12 степени.  Раната сеидба дава добри предуслови за подобра жетва. Препорачуваме да се садат високо квалитетни сорти за повеќе приноси и совет е да не се прават експерименти со нови сорти на големи површини, за потоа и евентуалното разочарувањето да не биде големо. За адаптација на земјоделското производство и предизвиците кои ги носат климатските промени, неопходно е да се применуваат сорти кои се отпорни на суша и болести“, рече Оровчанец.

Агро бизнис комората констатира дека во годините наназад, евидентен е намалениот интерес за земјоделство, но она што е позитивен тренд е зголемениот извоз на земјоделско-прехранбени производи во 2019 во споредба со 2018 година од 14,5%. 

„Извозот дополнително може да се поттикнува и има сериозен потенцијал за раст, доколку извезуваме производи со зголемена додадена вредност. Поточно тоа се финалните преработи со поголема додадена вредност на одреден производ, како вино, тутун, житарици, семенски материјал, фуражни култури и сл. Во овој контекст годинава извршивме извоз од 350-360 тони семенски материјал, а има можност за зголемување до 1500-2000 тони, доколку се обезбеди акредитирана лабораторија согласно ISTA, која е Меѓународна акредитирана лабораторија за регулирање на квалитетот на  семенскиот материјал. Предлог е додека да акредитираме домашна лабораторија, да се направи и меѓу државен договор со една од  соседните земји, Србија, Бугарија, Грција за оваа намена. Во недостиг на лабораторија македонските сорти, семенска пченица се извезуваат од Албанија“, рече Оровчанец и додаде дека решавање на овие проблеми и извоз на производи со додадена вредност ќе значат повеќе приход за компаниите, поголем интерес за земјоделство производство, а со тоа и намалување на миграциите.

Горан Ѓорѓиевски, заменик претседател на комората говореше за состојбата во мелничко пекарската индустрија и истакна дека вкупните потреби од пченица за мелничко-пекарската индустрија за производство на брашно и печива изнесуваат околу 300.000 тони годишно. Цената на лебот е диктирана од  цената на брашното и цената на пченицата која е берзански производ. Секторот моментално се соочува со недостиг на квалификуван кадар.

„Актуелно во пекарската индустрија е недостигот на квалификуван кадар. Потребно е дореформирање на образованието за потребите на стопанството. Квантумот на човечките ресурси што излегуваат од средните стручни училишта од каде што сме особено заинтересирани да апсорбираме кадри како пекари, слаткари, готвачи е многу мал, а  ваквите кадри, полесно наоѓаат работа и се подобро платени. Во ист момент гледаме дека имаме средни училишта кои што создаваат непропорционално  многу ученици во општи и социјални насоки кои понатаму многу тешко наоѓаат работа“, изјави Ѓорѓиевски и додаде дека за производните компании кои создаваат реална вредност во земјава треба да има посебни кредитни линии со минимални каматни стапки од 1 % и  со рокови на отплата од 20, 25 па и 30 година“, изјави Ѓорѓиевски.

Земјоделството е значајна стопанска гранка во најаша земја и во 2019 година, во бруто домашниот производ земјоделството, заедно со шумарство и рибарство учествува со 11%, а околу 20% од населението се занимава со оваа дејност.

Прочитано 113 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не