gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата

Кај компаниите постои расположение да се почитуваат мерките кои Владата ги донесе за справување со штетните последици од Ковид-19, но за да се спречат поголеми штети по економијата мора да се размислува и за ургентна и навремена помош која институциите би му ја овозможиле на приватниот сектор, вели претседателот на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска.

Сето ова има и општествена и хумана компонента, никој не сака вработените да се разболат или нивните децата да останат незгрижени. Меѓутоа мора да се размисли и околу тоа дали и колку ќе можат компаниите да го издржат притисок кој доаѓа од различни страни. Верувам дека институциите ќе реагираат навремено и дека ќе преземат мерки по примерот на САД, Германија, Словенија за да се намалат штетните последици по економијата, бидејќи тоа негативно ќе влијае на целото општество. Во останатите држави се изготвени предлози за финансиска помош за одржување на ликвидноста на компаниите што се најтешко погодени од влијанието на појавата, кои се добар пример за помош “,  вели Арсовска.

На приватниот сектор може да му се помогне на различни начини, преку одвојување на средства во буџетот,  привремено ослободување или одложување на плаќањата на даночните обврски или пак преку поволни кредитни линии и можности за репрограмирање на обврските кои би ги овозможиле институциите и банките.

Не треба да се дозволи компаниите да не можат да ги остварат планираните активности особено оние кои имаат производни процеси поврзани со извоз во земји кои ни се традиционални трговски партнери“ потенцира Арсовска.

Прочитано 120 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не