gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Сите платформи во општеството треба да се креираат со квалитет и компетентност

Истакнати личности во зeмјава носители на раководни функции од деловниот свет и политиката на тркалезната маса посветена на платформата на жени на раководни позиции дискутираа за застапеноста на жените во управувачките и менаџерските структури, како и за првата стартер база на податоци за жените на раководни позиции во компаниите.

На тркалезната маса како говорнички  учествуваа Ѓулумсере Касапи, претседател на Клубот на пратенички при Собранието, Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопанските комори на Македонија и Анета Пешева, претседател на МАСИТ и директор на УНЕТ, додека настанот ќе го отвори Ленка Угриновска од Елит. 

„Целта ни беше да се креира алатка за вмрежување на жените на управувачки структури во претпријатијата и жените претприемачи, како и да се развие модел со препораки за вклучување на жените во процесот на донесување одлуки, нивната застапеност во управувачките и менаџерските структури на претпријатијата, како и поттикнување на женското претприемаштво" истакна Угриновска

Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, која е член на  Глобалниот комитет на жени лидери, истакна дека се соочуваме со бројни предизвици на национално ниво.

„Процентот на жени на високи позиции во Македонија, е далеку од европскиот просек. Иако имаме добри примери од поединечни индустрии, сепак фактот останува дека од 2 до 5 проценти жени на високи раководни функции е незамисливо за било која развиена демократска земја. Се залагаме квалитетот да биде првиот критериум за секоја позиција во општеството, но бидејќи тоа често не е случај потребни се гаранции дека жената ќе ја добие заслужената позиција“, изјави Арсовска и додаде дека во Македонија е се уште мала поддршката на институциите за женското претприемништво, а добар пример е Бахреин која иако мала земја, одвојува милионски суми за женското претприемништво и развој.

Пешева истакна дека процентуално нашата земја е на напредно  ниво во однос на Европа кога станува збор за жени во ИТ индустрија. Кај нас застапеноста е 36 проценти, а во Белгија и Холандија 5 до 6 проценти.

Ѓулумсере Касапи, пратеник и претседател на Клубот на пратенички истакна дека сите жени без разлика на која партија припаѓаат во Клубот на пратенички се водат од заедничка цел, а тоа е подобрување и зголемување на процентот на жените во политиката.

На тркалезната маса беше заклучено дека зголемување на бројот на жените на раководни позиции во компаниите, е  важен фактор за побрз економски развој во земјата.

Прочитано 149 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не