gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Сивата економија ќе ја победиме со примена на Законот против нерегистрирани

Сојузот на стопански комори на Македонија институционално ги зајакнува воспоставените релации со инспекциските служби се со цел подобрување на  соработката во интерес на компаниите. Во таа насока Габрила Кулебанова, потпретседател на ССК и директорот на Државниот инспекторат за труд Аљајдим Хавзиу со договор за соработка во присуство на компании од приватниот сектори и претставници на инспекторатот ги прецизираа заедничките стратешки цели на делување за следниот период. Директорот на Државниот инспекторат за труд, Хавзиу ја нагласи важноста од соработката и заедничките цели на делување кога станува збор за сузбивање на нелојална конкуренција и едукативната улога која треба да ја има инспекторатот се со цел подобрување на севкупниот деловен амбиент. Кулебанова истакна дека заеднички ќе се дејствува во борбата против сивата економија и нелојалната конкуренција, моменталната состојба на пазарот на труд и реална бројка на лица кои остваруваат приходи, а немаат здравствено и пензиско осигурување, како и инспекциските контроли од трудовиот инспекторат.

„Сивата економија и нелојална конкуренција, го кочат развојот на државата и го спречуваат развојот на економијата, во таа насока двете институции засилено ќе делуваат кон подобрување на деловниот амбиент во земјата. Сите под еднакви услови треба да учествуваат во системот на државата, а не да наоѓаат начини да го заобиколат. Со акција на инспекциските служби и партнерска соработка со приватниот сектор  можеме да го намалиме овој процент на сива економија во земјава “, изјави Кулебанова.

Инспекциите служби со полн капацитет треба да делуваат кон исполнување на обврските, што овозможува соодветно опкружување за одржлив економски развој. Од друга страна и инспекциите треба да се промовира едукативната функција кај оние кои се недоволно информирани, а репресивната за оние кои намерно го изигруваат системот. 

„Инспекциите треба да делуваат пред се едукативно, да  бидат брзи, ефикасни и фер кон компаниите, транспарентни и квалификувани за да донесуваат одлуки базирани на докази. Државен инспекторат за труд е позитивен пример, бидејќи во заедничката борба со сивата економија е единствена институција која знаеме дека има изречено глоба по Законот за забрана за вршење на нерегистрирана дејност, кој во моментов е наједноставниот механизам кај нас кој го имаме за справување со сивата економија“, истакна Кулебанова.

Сојузот на стопански комори континуирано апалеира на потребата од подигнување на свеста во борбата со нелојалната конкуренција и придонес во буџетот на државата на оние кои работат нерегистрирано. 

Прочитано 104 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не