gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК: Либерализацијата на услугите потенцијал за развој на поштенската индустрија

Ефикасни услуги за достава, учество на поголем број компании на слободен пазар за обебзедување подобри и поквалитетни услуги за крајните корисници како и имплементација на нови трендови во брзината и сигурноста на достава на поштенски пратки, како напредни софтверски решенија за следење на пратките, се неколку важни аспекти кои треба да се имплементираат за подготвеност на либерализацијата на поштенските услуги очекувано да стартува од 1 јануари 2020, а која веќе 4 години се одложува.

Потпретседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Александар Милошевски, истакна дека согласно извештаите на Агенцијата за пошти над 2000 граѓани годишно поднесуваат поплаки за изгубени поштенски пратки. Во таа насока,  потребна е имплементација на нови трендови за брзина и сигурност на поштенските текови како  прв чекор за навремена достава на пратките.

„За  клиентите најбитна е  навремена и сигурна достава на пратки и токму кон тоа треба да се стремат поштенските оператори. За таа цел потребана е заштита на слободната конкуренција на пазарот, унапредување на интересите на стопанството и корисниците на поштенски услуги. Приватните поштенски оператори во Сојузот, ја очекуваат долгонајавуваната либерализација на поштенскиот пазар, кој во моментот е ограничен, односно само Македонска пошта е надлежна за поштенската услуга во резервираната област за пратки со тежина до 50 грама.  Што поголема либерализација и можност за  учество на поголем број компании на слободен пазар дава можност за обебзедување подобри и поквалитетни услуги“, истакна Милошевски.

Тој рече дека живеејќи во време во кое онлајн трговијата сериозно се зголемува, поштенските оператори како крајна алатка на тој синџир, треба да бидат посилни со квалитетна услуга.

„ Потенцијалот на разавој на поштенските услуги во денешното дигитално време се поврзува и со сегменотот на е– трговијата во Македонија која е во постојан раст. Согласно податоците на Народната банка, во текот на 2018 година реализирани се над 5 милиони онлајн трансакции, наспроти околу 4 милиони онлајн трансакции во текот на 2017 година што претставува пораст од 21%. Според податоците на Државниот завод за статистика, 406 илјади граѓани купувале онлајн минатата година, а тоа е 31,6% од интернет корисниците, спрема 19,5% истиот период минатата година што претставува пораст од 62%. Сето ова отвора поле на работа за операторите на поштенските услуги и можности за развој и напредување на поштенската индустрија“, изјави Милошевски.

Забелешките на Европската комисија во делот на поштенската индустрија  се целосна либерализација на поштенскиот пазар во државата и продолжување на јакнење на административните капацитети на регулаторното тело. Во Македонија, според податоците на Агенцијата за пошти регистирани се вкупно 38 даватели на услуги.

Прочитано 303 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не