gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Мобилна апликација на Службен весник на РСМ

Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија Ви овозможува секојдневно следење на прописите и од Вашите мобилни телефони.

Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија сака да Ве информира дека од неодамна, нашата услуга, е-базата на прописите со редакциски пречистени (консолидирани) текстови на закони, е достапна и како мобилна апликација. Цената за 12 месеци изнесува 4.500,00 денари, меѓутоа првата инсталација на мобилната апликација има промотивен период од три месеци без надоместок.  Сметаме дека мобилната апликација е мошне потребна алатка за членовите на Вашата комора, кои постојано имаат потреба од следењето на националното законодавство.

*Сите активни претплатници на електронската база на прописите имаат можност  за месечна претплата на мобилната апликација по цена од 150,00ден, меѓутоа и за нив важи бесплатниот период од првите три месеци од инсталирањето. 

Се надеваме дека Вашите членки ќе го видат интересот за пробно инсталирање како и за понатамошна соработка, како наши претплатници. Инсталацијата е многу едноставна и се однесува само за андроид-телефоните: влезете на Вашиот телефон во Play Store, побарајте ЈП Службен весник на РСМ и инсталирајте ја апликацијата.

Чувствувајте се безбедни со нашата мобилна апликација и секогаш, покрај себе, имајте ја нашата електронска база на прописите.  

Прочитано 344 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не