gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Традиција и обичаи преточени во атракција

И оваа година, од 12-ти до 14-ти јули, по 46-ти пат, на падините на планината Бистра, во живописниот Галичник, ќе се одржи традиционалната културно – сценска манифестација Галичка свадба. Неколкуте илјади посетители од земјава и странство кои се очекува да пристигнат на оваа автентична манифестација, одново ќе имаат можност да уживаат во уникатните свадбарски обичаи и ритуали, проследени со богатиот колорит на народните носии и изворните песни и ора карактеристични за овие краеви од Македонија. Во центарот на вниманието и на годинешната најпозната македонска свадба ќе бидат галичката невеста Марина Петровска и младоженецот Огнен Караѓозовски, кој по потекло е од Галичник.

„Како организатори на оваа манифестација сме особено задоволни што и годинава на најдобар можен начин ја продолжуваме вековната традиција на Мијаците, како дел од македонското културно богатство. Галичката свадба е светски позната и призната културна и туристичка манифестација, која придонесува за промоција на нашата земја и на сите нејзини убавини. Тоа, како и сѐ поголемиот број посетители на оваа манифестација, за сите нас претставува дополнителен мотив да продолжиме да вложуваме максимални напори да ја одржиме и постојано да ја збогатуваме“, вели Александар Костиќ од организацискиот тим на Месната заедница Галичник.

Од витално значење за организирањето и одржувањето на атрактивноста на оваа автентична манифестација е поддршката што ја обезбедуваат големиот број нејзини партнери и помагатели. Еден од нив е компанијата „Пивара Скопје“, која е партнер на манифестацијата од нејзините почетоци и која, и оваа година, покрај финансиска поддршка, обезбеди и соодветна количина пијалаци од своето портфолио за сите учесници во свадбeната церемонија.

„Горди сме што веќе 46 години во континуитет сме неизоставен дел од оваа уникатна манифестација која е огледало на нашата богата традиција и културно наследство. Им честитам на младенците и во оваа пригода би сакал да наздравиме за нивната љубов, среќа и бериќет, како и за пријателството и заедништвото кои нѐ поврзуваат и зближуваат“, вели Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во „Пивара Скопје“.

Покровител на годинешната Галичка свадба е Претседателот Стево Пендаровски.

Како и секоја година, почетокот на годинешната Галичка свадба ќе биде означен в сабота, на 13-ти јули, со поставување на свадбарското знаме и симболичниот чин на „фрлање“ три пушки од куќата на зетот. Венчавањето на младенците ќе се изврши в недела, во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“ во Галичник, а свеченоста ќе заврши со чинот на испраќање на тапанџиите и зурлаџиите.

Традиционално, со одржувањето на Галичката свадба ќе се означи и почетокот на „Галичкото културно лето“, кое и овојпат се очекува да понуди најразлични забавни и музички содржини, прилагодени за сите генерации посетители.

За да можат сите посетители да уживаат во убавината и автентичноста на годинешната Галичка свадба, во деновите на одржување на манифестацијата, особено в недела, ќе биде воспоставен специјален сообраќаен режим, за кој организаторите апелираат доследно да се почитува. Кон ваквиот апел се приклучи и претставникот на Пивара Скопје кој ги повика сите посетители да консумираат алкохол одговорно, да возат безбедно и да се грижат максимално за одржување на чистата природа во Галичник и неговата околина.

 

Прочитано 472 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не