gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Информација за новини во царинското работење

Би сакале да Ве информираме дека почнувајќи од 03.07.2019 година (среда) новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) за увозни постапки се става во функција во сите царинските испостави, освен во царинските испостави Гевгелија – Отсек за стоково царинење (4020), Табановце – Отсек на стоково царинење (2030), Пошта Скопје (1025) и Скопје 3 (1013). Сите увозни декларации почнувајќи од овој датум во наведните царински испостави задолжително треба да се поднесуваат во СОЦДАД. Напоменуваме дека основните услови за да можете да поднесeте електронска царинска декларација во СОЦДАД се:

  • да поседувате електронски потпис (сертификат);
  • да имате одобрен пристап до СОЦДАД;
  • доколку поднесување на декларации како застапници, потребно е во СОЦДАД да сте побарале и добиле Одобрение за застапување. Предуслов за ова е претходно најмалку еден вработен да побарал и добил лиценца за застапување во СОЦДАД;
  • сите одобренија поврзани со царински постапки мора претходно да бидат евидентирани во СОЦДАД. 

Исто така, Ве известуваме и дека Царинската управа изврши дополнување и измена на веќе постоечкото Упатство за привремено чување на стока и збирна декларација, како и ново упатство за царинење на стока со царинска декларација поднесена со употреба на техника за електронска обработка на податоци. Измените се извршени со цел непречено одвивање на процесот на царинење по започнувањето на примената на новиот електронски систем за поднесување на царински декларации  СОЦДАД, усогласување на шифрите според новиот Правилник за пополнување на ЕЦД, како и технички измени за подобрување на текстот и промената на името на државата.

  • Упатството може да го превземете на следниот ЛИНК 

Дополнително, извршено е дополнување и измена и на веќе постоечкото Упатство за распределба на тарифни квоти според принципот „прв дојден, прв корисник“.Измените се направени со цел непречена распределба на квоти по започнувањето на примената на новиот електронски систем за поднесување на царински декларации  СОЦДАД, усогласување на шифрите според новиот Правилник за пополнување на ЕЦД, како и технички измени за подобрување на текстот и промената на името на државата. 

  • Упатството може да го превземете на следниот ЛИНК 

Направена е измена и дополнување и на веќе постоечката Насока за увоз на вино со преференцијално потекло од Европската унија во рамки на тарифни квоти. Измените се извршени со цел усогласување со измените на интернет страната каде се објавени листите на овластени тела на ЕУ за заверка на сертификати за увоз на вино со цел при увоз на вино таквите декларации да може да учествуваат во распределбата на квоти. 

  • Документот може да го превземете на следниот ЛИНК 

За сите дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на телефон 02 3091 440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитано 212 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не