gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ИКТ Комора: Дигитализацијата веќе не е опција, туку потреба за компаниите

Дигитализацијата е неопходна за брз економски раст и напредок на секоја компанија, просецот подразбира употреба на дигитална технологија за промена на бизнис моделите. Дигиталната трансформација внесува конкретни промени во бизнисот, развој на нови бизнис модели и зголемување на конкурентноста на пазарот. ИТ секторот има голем потенцијал за раст и со соодветни поттикнувања  постои потенцијал за креирање севкупен економски раст.  Предизвици за раст на ИТ индустријата детектирани се во недостаток на инвестиции во нова технологија, недоволна искористеност и примена на облак платформите, ниско ниво на електронска трговија како и анализа на големи податоци попзнато како податочно рударење, истакна претседателот на ИКТ Комората, Саша Огненовски.

Тој рече дека технологијата напредува со голема брзина со што притисокот за имплементирање нова технологија, станува се поголем и компаниите веќе стануваат сфесни дека  дигитализацијата е неопходна за да опстанат во денешниот свет, таа веќе не е опција туку неопходна потреба за сите компании без разлика на големината и секторот. Дополнително дигитализацијата е континуиран процес и за да биде успешна потребни се професионални лица, стратегија за дигитализација на компанијата  и технологија.

„Компаниите секојдневно се соочуваат со предизвиците на дигиталната трансформација и потребата да се користат дигитални технологии за да се забрза нивниот пораст, како и да се иновираат процесите, производите и услугите, за истите тие да се приспособат на новите генерации потрошувачи. За да бидат конкурентни македонските компании на европските пазари, сите работни процеси треба да преминат на дигитална платформа, без разлика дали станува збор за проекти, производи, маркетинг или продажба. Вистински предизвик е компаниите да се одлучат која од новите технологии ќе работи во најдобар интерес за унапредување на деловното работење“ , изјави Огненовски и додаде дека домашните компании, особено малите и средни најголемиот раст може да го доживеат со дигитализација за развој на иновативни решенија со што ќе бидат конкурентни на светскиот пазар.

Огненовски истакна дека она што е многу важно е дигитализацијата на компаниите да се одвива паралелно и со дигитализација на институциите на системот, за што е потребна соработка со компаниите кои даваат поддршка за нови иновативни ИТ решенија.

„Дигитализацијата на компаниите, институциите, поточно општеството во целина значи зголемување на БДП и нови вработувања. Дигитализацијата неспомнено влијае на сите сфери на општеството и  потребно е да се нагласи дека самиот процес на дигитализација ќе влијае да згаснт одредени работни места, а од друга страна пак и да се отворат нови подобро платени. Во таа насока новите трендови диктираат и потреба за образовен кадар кој поседува модерни знаења и вештини. Отоврање на дигитални работни места кои пред се,  ги задржуваат и се привлечни за младите високообразовани кадри, имаат влијаните и на севкупниот економски развој на земјата, генерираат поголема додадена вредност, потрошувачка и извоз како и поттикнување на иновациите, истакна Огненовски и додаде дека дополнително  и во стратегија на Европска Унија, дигитализацијата е високо на  агенда со особен акцент на земјите од Западен Балкан и процесот на интеграција.

Минатата година, ИКТ секторот во нашата земја, учествувал со 7,8 проценти од вкупниот БДП. Истражувањата покажуваат дека дигитализацијата на компаниите е корисен процес и дека оние компании кои спровеле дигитална трансформација прикажуваат раст од 26 проценти.  Дигиталното работење на компанииите во нашата земја и од Западен Балкан изнесува во просек 10 отсто од вкупното работење на компаниите, но позитивно е тоа што 63,3 отсто од компаниите сметаат дека дигитализацијата претставува можност за унапредување на нивниот начин на работа.

Прочитано 509 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не