gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана за учество на Трговски и економски форум Кина- земји од централна и источна европа

ТРГОВСКИ И ЕКОНОМСКИ ФОРУМ
ВО РАМКИ НА САМИТОТ:
„КИНА – ЗЕМЈИ ОД ЦЕНТРАЛНА И  ИСТОЧНА ЕВРОПА‟
Датум: 15-16.04. 2020 година
Место: Пекинг, Кина

Почитувани,

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со амбасадата на Народна Република Кина Ве информира за одржувањето на Трговско економски форум кој ќе се одржи во текот на самитот Кина –  Земји од Централна и источна Европа, кој ќе се одржи во Пекинг , Кина од 15-16 Април 2020 година.

Трговско – економскиот форум се состои од церемонија при отворањето  и четири паралелни сесии :

  1. Трговска и инвестициска сесија за соработка
  2. Наука, технологија и иновациска соработка
  3. Финансиска соработка
  4. Соработка на мали и средни претпријатија

Организацијата на паралелните сесии за земјоделство и растенија е од страна на одделот за интернационална соработка од Министерството за земјоделство и рурални работи од Народна Република Кина  и ќе бидат поканети околу 200 претставници од владините институции на национални и локални нивоа, стопански комори, асоцијации, финансиски институции и компании од Кина и Централна и источна Европа.

Паралелните сесии за земјоделие ќе го олеснат дијалогот за трансформација и надградување на агро-преработката, пазарот и логистичките системи на агро-продуктите, олеснување на пристапот до пазар за агрокултура, воспоставување на паркови за агрокултура, надградување на синџирот за вредност на агрокултура, „Нова – агрокултура плус нова малопродажба“, еколошка и зелена агрокултура и агро туризам, во насока на споделување на искуството за агрокултурен развој, дискусии за изгледите на економската соработка и трговија и заеднички напредок и  високо квалитетен агрокултурен развој.

Временската рамка за онлајн регистрација е од средината на Февруари до 10-ти Март 2020 година.

Доколку сте заитересирани за учество на бизнис форумот, Ве молиме да не информирате на маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел: 02 30 91 440, најдоцна до 09.03.2020 година.

Прочитано 225 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не