gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Интернационален саем за туризам PLACE2GO

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Агенција за промоција и подршка на туризмот Ве информира за можноста за учество на Меѓународниот саем за туризам во Загреб “Place2Go” кој секоја година го зголемува бројот на излагачи, за 2020г најавени се повеќе од 200 учесници од 30 земји и околу 16000 посетители. Осум години PLACE2GO, тоа значи дека публиката го препознала и дека изложувачите од првите 7 години биле задоволни. Она што е значајно за овој „ симпатичен“ саем е тоа што расте, не само по квантитет, туку и по квалитет.

Ова може да се види првенствено во фактот дека го препознаа земјите кои сè уште го немаат претставено својот туристички потенцијал на хрватскиот пазар, а за прв пат го избраа PLACE2GO.

Сите заинтересирани компании за учество на саемот потребно е своето присуство да го пријават преку следниот ЛИНК.

Според Интерниот правилник на АППТ за начинот и постапката за учество на интернационални саемски манифестации за туризам, право за учество имаат:

  • Хотели
  • Туристички агенции со лиценца А
  • Ресторани
  • Општини
  • Национални паркови
  • Здруженија, асоцијации и комори за туризам
  • Винарии
  • Компании/институции на покана на АППТ
  • Котизација за саемот изнесува 15.000 денари.

Напомена 1: Учеството на саемските манифестации треба да го потврдите во писмена форма со:

  • пополнување на Формуларот
  • доставување на лиценца А ( за тур. Агенции)
  • тековна состојба од централен регистар на РСМ

Бројот на пултовите е ограничен, затоа ќе се оди по принципот кој прв се пријавил!

За сите дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на телефон 02 3091 440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитано 312 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не