gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана за учество на саем за текстил - Textile and Ready To Wear Clothing

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Адонис Груп Ве информира за можноста за учество на саем за текстил Textile and Ready To Wear Clothing кој ќе се одржи во период од 05.02.2020 до 08.02.2020 во Адана, Турција.

Саемот Ви овозможува поврзување, а со тоа и развивање на вашата дејност со реномирани турски компании како и размена на искуства и нови приоди во сверата на текстилната индустрија.

На саемот посетителите ќе имаат можност да видат:

  • машка и женска облека,
  • машка и женска долна облека и чорапи,
  • бебешка и детска облека,
  • ткаенини и друго.

Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија.

АДОНИС ГРУП организира сместување во реномиран хотел со 4 или 5 звезди од три ноќевања со доручек, трансфер од хотелот до саемот. Авионскиот билет до Истанбул го покривате Вие, а Адонис како организација субвенционираме 40 евра од билетот Истанбул-Адана, кои ќе Ви бидат исплатени во Адана.

Сите заинтересирани компании за учество на саемот потребно е да го пополнат ПРИЈАВНИОТ ЛИСТ и да го испрата на e-mail Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 22.01.2020.

Деталните информации за саемот можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.

За сите дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на телефон 02 3091 440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитано 554 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не