gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана: Бенефити од Медијацијата за компаниите (14.11.2019 и 10.12.2019, 10:30h, ССК)

Центарот за медијација кој го води Комората на медијатори во рамки на Сојуз на стопански комори на Македонија организира информативни сесии за компаниите членови на ССК да се запознааат со можноста за решавање на спорови со медијација како алтернативен начин, во вонсудска постапка која се спроведува согласно одредбите на Законот за медијација.
 
Фокус на предавањата ќе бидат  стопанските спорови, тргнувајќи од фактот дека за овој вид спорови обидот за решавање е задолжителен за оние спорови кои се однесуваат на парично побарување до 1.000.000 денари, за кои постапката се поведува со тужба до надлежен суд. На предавањата ќе бидат презентирани бизнис аспекти од областа на медијацијата, односно како функционира истата во стопанството во земјата како во регионот така и во други европски земји. Преку отворена дискусија ќе се разгледа можноста за поголема примена на медијацијата во деловните односи на компаниите членови на ССК поради бенефитот на алтернативното решавање спорови со медијација во однос на судската постапка.

Предавачите се лиценцирани медијатори кои секојдневно решаваат спорови по пат на медијација, а предавањата ќе се одржуваат со едночасовна презентација и теоретско информирање, а потоа прикажување на реални примери и отворена дискусија како да се примени медијацијата во секојдневното работење.
 
Присуството на предавањата е бесплатно за членовите на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Ве молиме да го пријавите Вашето учество на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел: 02.3091.440 најдоцна до еден ден пред одржување на семинарот.

Прочитано 93 пати
Повеќе во оваа категорија: « Саеми во Мексико, септември 2019

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не