Испечатете ја страната

8 регионална конференција на добавувачи на автомобили, 8-9.10.2019, х. Рамада, Будимпешта

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Амбасадата на Унгарија Ве покануваат да учестувате на осмата регионална конференција на добавувачи на автомобили која ќе се одржи во периодот од 8-9. Октомври 2019 година во хотел Рамада - Будимпешта.

Во рамки на конференцијата се предвидени одржувања на B2B настани со можност за креирање и зацврстување на деловните односи со домашни и регионални партнери.
 
Главни теми на настанот се: 

  • Актуелни предизвици на доставувачкиот менаџмент во автомобилската индустрија од гледна точка на „OEM“
  • Процеси на ескалација
  • Исполнување на повеќе специфични барања на купувачи
  • Автомобилска индустрија SPICE
  • Нов хармонизиран AIAG - VDA FMEA
  • Стратегии за купување автомобили во Унгарија и во регионот
  • Владина промоција на инвестиции во Унгарија и во регионот 

Деталната агенда за настанот може да ја превземете од следниот ЛИНК
 
Ве информираме дека на конференцијата постои можност да се регистрирате како VIP партнер и да добиете попуст за рана резервација до 31.07.2019 година. Во продолжение Ви доставуваме информација за цените за учество на конференцијата: 

  • “Earli Bird”  - 390 евра (со вклучен данок од 83 евра / лице), валидна до 30.06.2019, со VIP партнерски попуст 31.07.2019)
  • “Holiday” – 470 евра (со вклучен данок од 101 евра /лице, валидна од 01.07.2019 до 15.09.2019)
  • “Walk In” – 585 евра (со вклучен данок од 124 евра / лице, валидна од 15.09.2019 до 08.10.2019) 

За дополнителни информации и регистрација Ве молиме посетете го линкот - EVENTS.QFD.HU.

Прочитано 303 пати