Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Конфиндустрија Србија Ве поканува за учество на меѓународен деловен настан "Fаrete" кој ќе се одржи во Болоња, Италија на 4 и 5 Септември 2019 година.
Деловниот настан “FARETE” се одржува осма година по ред и претставува место за средба на компании и одлична прилика за пронаоѓање на деловни партнери, како и за претставување на производи и услуги.
Ве информираме дека основни услови за учество за компаниите од регионот се:
- поседување сајт на англиски јазик
- најмалку 20 вработени
- познавање на англиски или италијански јазик.
Воедно Ве информираме дека учеството на деловниот настан е бесплатно, а за по еден претставник од компанија се покриени следните трошоци:
- Патување
- Сместување (две или три ноќи во Хотел со 4*)
- Храна и пијалаци за време на траење на настанот
- Трансфер од станица или аеродром во Италија до Хотел и назад.
Останатите учесници од компаниите, трошоците си ги погриваат сами.
Ве информираме дека на следниот ЛИНК можете да ја превземете апликацијата за учество на бизнис настанот и ве молиме истата да ја доставите до Сојуз на стопански комори на Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 15.07.2019, во однос на што дополнително ќе бидете информирани за потврда на вашата регистрација.
Листата на италијански компании кои ќе учествуваат на бизнис настанот може да за превземете на следниот ЛИНК.
За сите дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на телефон 02 3091 440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..