gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана за учество на првиот Балкански проектен лидершип Самит

Почитувани членови,

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Project Management Institute® (PMI®) огранокот во Македонија, Ве поканува да учествувате на Првиот Балкански Проектен Лидершип Самит (First Balkan Project Leadership Summit), организиран од страна на Македонскиот ПМИ огранок, поддржан од останатите Балкански ограноци на ПМИ институтот (Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Романија).

Настанот ќе биде одржан на 29-30.06.2019 во хотел “Инекс Горица” во Охрид и се очекува да присуствуваат околу 200 гости од земјата и од странство. Предавачи на настанот ќе бидат експерти од Германија, Романија, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и специјално за овој самит претставник од Brightline Initiative.

Темите кои ќе се обработуваат се:

 

Brightline Initiative – Gap between Strategy Creation & Implementation

Servant Leadership,

Change Management,

Communication Skills for Success

The Key to Mastering Communication

Why is Leading Hard & How to Become Better Leader

Marketing

Project Leadership

LEAN Management

NPD New Product Development

 

Самиот самит ќе биде одлична можност за вмрежување со врвни директори и менаџери од Балканот и остварување на нови бизнис контакти и пријателства. Во склоп на овој самит, ќе имате ексклузивна можност да се запознаете со најновите модели на возила на Тојота, којашто е иницијатор и главен поборник на LEAN Management.

Цените за учество на Самитот се:

  • Booking Type Dates Value
  • PMI Chapter Members 20.05-30.05 4500 ден.
  • Early Booking 20.05-30.05 5500 ден.
  • PMI Chapter Members 31.05-20.06 5500 ден.
  • Early Booking 2 31.05-20.06 6000 ден.
  • PMI Chapter Members Full Price 21.06-28.06 7000 ден.
  • Full Price 21.06-28.06 7500 ден.

 

За дополнителни информации, како и за пријава на Вашето учество Ве молиме обратете се на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Project Management Institute® (PMI®) е најголемата светска асоцијација за проект менаџери, со преку 600,000 сертифицирани експерти и 450,000 членови во повеќе од 200 земји. ПМИ огранокот во Македонија е локалниот огранок на овој институт и има за цел да ја промовира важноста на улогата на проект менаџерите во водењето и обезбедувањето на резултатите и континуирано подобрување во фирмите со овогодинешните теми на “Project Leadership Summit”. Повеќе информации може да погледнете на нивната веб страна – www.balkanpls.com.

Прочитано 267 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не